Враќање на производите
Купените производи може да ги вратите во рок од 14 дена. Производот што го враќате мора да биде спакуван во оригиналното пакување и без траги на употреба или било какво оштетување на производот или отстранети, изменети, оштетени баркодови, сериски броеви или етикети.
Го задржуваме правото да одбиеме враќањето на производот или рефундирањето на средствата ако:
- производот е користен и не може да се продаде како нов
- недостасува или е оштетена оригиналната амбалажа или
- производот е со отстранети, изменети или оштетени баркодови, сериски броеви или етикети.
Трошоците за враќање на комплетниот производ се на трошок на купувачот.
Образец за откажување од договорот
Испратете ни барање на емаил: itrade.mk@gmail.com
Добивте Погрешен или Некомплетен Производ
Се обидуваме да ги испорачаме пратките точно и во најкраток можен рок. Сепак, можни се и грешки - се извинуваме ако сме испратиле неисправен производ или пратката не е комплетна.
Испратете ни рекламација и приложете ни:
- број на нарачка или броj на адресницата на пакетот.
- фотографии од примената пратка - производ, пакување и адресница
Испратете ни барање на емаил: itrade.mk@gmail.com
Нарачавте Погрешен Производ - Сакате да го Замените
Ако направивте грешка при нарачување, може да го замените производот во рок од 14 дена. Производот што го враќате мора да биде спакуван во оригиналното пакување и без траги на употреба или оштетување.
Трошоците за враќање на исправниот производ се на трошок на купувачот.
Испратете ни барање на емаил: itrade.mk@gmail.com
Призводот не е Исправен
Доколку испратениот производ не е исправен - ве молиме испратете ни ги следниве податоци:
- број на нарачка,
- слика од гарантниот лист и од производот
- кратко објаснување на проблемот
Во зависност од видот на производот можно е да побараме и дополнителни информации или да ви испратиме дополнителни упатства за верификација, активирање, итн.
Ве молиме да не го враќате производот без наша согласност.
Рекламација на Исправност на Производот во Гарантен Рок
Доколку имате рекламација за исправноста на производот за време на рокот за рекламација, Ве молиме да ни ги доставите следниве податоци:
- број на нарачка или фактура,
- слика од гарантниот лист и од производот
- кратко објаснување на проблемот
Во зависност од видот на производот можно е да побараме и дополнителни информации или да ви испратиме дополнителни упатства за верификација, активирање, итн.
Ве молиме да не го враќате производот без наша согласност.
Каснење на Испораката
По испраќање на пратката, ќе добиете на емаил испратница во која е наведена курирската служба и бројот на пратката.
Курирските служби работат според нивниот план за испорака и не секогаш може да делуваме на брзината на испорака.
Контактирајте ја курирската служба во врска со испораката на пратката.
Доколку не сте во можност да добиете информација за пратката од курирската служба, ве молиме пратете ни ги овие податоци:
- број на адресница
- информација која сте ја добиле од курирската служба (изгубена или непозната пратка, итн.)
Ние ќе ве информираме што се случило со пратката. Доколку пратката изгубена, ќе испратиме нова, во најкраток можен рок.
Испратете ни барање емаил: itrade.mk@gmail.com
Гарантна Покриеност
Нашата гаранција важи исклучиво за фабрички недостатоци.
Исклучоци (не се покриени со гаранција):
- Физички оштетувања, несоодветно користење или неправилно ракување.
- Производи кои покажуваат знаци на отворање, модификација или комбинирање со други делови.
- Нормално абење при редовна употреба.Изменети , отсранети или оштетени баркодови, сериски броеви или етикети.
Политика за замена:
Се дозволува само една замена по купување, доколку постои потврден фабрички недостаток.
Повторени гаранциски барања за ист производ не се прифаќаат.
Конечна одлука:
iTrade.mk го задржува правото да одбие гаранциски барања кои не ги исполнуваат горенаведените услови.