Гаранција
ГАРАНЦИЈА НА БАТЕРИИ
NRG+ – 6 месеци гаранција,
Green Cell – 12 месеци гаранција.
Во зависност од брендот на батеријата, гаранцискиот период е:
- NRG+ батерии → 6 месеци
- Green Cell батерии → 12 месеци
Што покрива гаранцијата?
Гаранцијата важи само за фабрички дефекти, како:
- Батерија што не се полни
- Батерија што не се препознава од лаптопот
- Брзо и ненормално опаѓање на капацитет (потврдено со battery report)
Што НЕ покрива гаранцијата?
Гаранцијата не важи во следниве случаи:
- Нормално намалување на капацитет од користење
- Батерија користена со неисправен полнач
- Физички оштетувања (пукнато куќиште, оштетени пинови, истурени течности)
- Отстранета/оштетена фабричка налепница
Батерија користена во уред со други дефекти (прегревање, проблеми со матична плоча, расипан power circuit)
Како да поднесете гаранција?
За најбрза обработка потребно е да доставите:
- Број на нарачка
- Сериски број / модел на батеријата
- Battery Report (извештај)
- Упатството за креирање е достапно на нашата веб страница
- Пратете го battery-report.html како прилог
Важно: Не испраќајте батерија назад без претходна согласност.
Процес на сервисирање
- Производот се тестира од овластен сервис
- Ако има фабрички дефект → се заменува со нов производ
- Ако е исправен → се враќа на клиентот
Важна напомена
Секоја батерија со тек на време губи дел од својот капацитет.
Ова е нормално трошење и не претставува основа за гаранција.