Услови за користење
Услови за користење
Користење на www.itrade.mk
Корисниците на нашиот сајт смеат да ги користат содржините на страниците, единствено за сопствена употреба и на своја одговорност.
Општи услови
Испорака на Производите
Штом направите нарачка , потврда за извршената нарачка ќе добиете на вашиот е-пошта. Ве молиме прегледајте ја нарачката и доколку приметите некоја грешка , веднаш контактирајте нѐ. Штом се испорача пратката не вршиме рефундирање на средствата за испорака.
Продавачот се обврзува нарачаните производи да ги испорача исправни и во предвидениот рок.
Некои нарачки нема да бидеме во можност да ги прифатиме и го задржуваме правото истите да ги откажеме ( нема доволно залиха од бараниот производ, грешки во цената на производот итн.). Во случај на откажана нарачка ќе бидете навремено информирани.
По испорачување на пратката , на вашиот е-пошта, ќе го добиете бројот на адресница како и информација за курирската служба по која е испратена. Пратките за Скопје нарачани до 14ч., се испорачуваат истиот ден од направената нарачка, по 14ч., се испорачуваат следниот ден. За други градови низ Македонија, пратките пристигнуваат на адреса следниот ден од нарачка, најкасно за 2 дена од направената нарачка.
Фактурата за купените производи , заедно со гарантниот лист ги во самата пратка.
Рекламација на производите
Законското право за враќање на производот е во рокот од 14 дена од датумот на прием на пратката. За подетални информации погледнете го линкот во мени - Враќање на производите
Заштита на цени
Итрејд Лтд Дооел Скопје не дава заштита на цените на производите , ниту пак одговара за константноста на понудата на производите. Ние често ги намалуваме цените наеднаш, без претходна објава.
Гаранција на производите
Гарантниот рок започнува од датумот на продажба на производот наведен во фактурата.
Лимит на важење на гаранцијата на производите
Купувачот го губи правото на гаранција доколку дефектот на производот е резултат на неправилното користење на истиот, непридржување до упатството за употреба, ако над производот се изведени поправки од неовластени лица или има оштетени и променети баркодови и етикети.
Доколку производот не ги задоволува вашите барања, враќање е дозволено во рок од 14 дена од денот на примање на производот (чл.50 од Закон за потрошувачи).
Рекламација и враќање на производите
Рекламацијата е дозволена во следните случаи:
Оштетен производ - Доколку добиете оштетен производ или недостасуваат делови од производот( според сликата на рекламираниот производ на нашиот сајт), ве молиме да пријавете истиот ден од примање на производот.
Рекламација во гарантен рок - Гарантот во гарантен рок, на свој трошок ќе изврши отклонување на дефектот и недостатоците на производот, ќе го замени со нов или ќе изврши рефундирање на средствата. При рекламирање во гарантен рок ве молиме да ни испратете слика од производот и од гарантниот лист.
Враќање на производите - Враќање на производите е возможно само со претходно одобрување од наша страна. Не прифаќаме враќање на производите без претходно да нѐ информирате.
Приватност на податоците:
За успешно обработка на вашата нарачка , потребни ни се податоци: име и презиме, адреса, е- пошта и телефон. Преку овие податоци може да Ви ги испорачаме бараните производи.
Итрејд Лтд Дооел Скопје се обврзува да ја почитува приватноста на своите купувачи. Собираме само неопходни, основни податоци за купувачите/корисниците кои се неопходни за работа и информирање на корисниците во насока на професионално работење и давање на квалитетна услуга. На купувачите им даваме избор дали сакаат или не сакаат да се избришат од мејлинг листата . Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и се достапни само на вработените на кои им се потребни за извршување на нарачките. Сите вработени во ИТРЕЈД ЛТД ДООЕЛ Скопје одговорни се за почитување на начелата на Заштита на податоците.
Покрај наведеното, прибираме, анализираме и обработуваме податоци за производите кои нашите посетители ги бараат и купуваат, како и веб-страниците кои ги посетуваат. Тие податоци ги користиме за да ја подобриме понудата и изгледот на нашите страници и да ви овозможиме поедноставно користење и посигурно купување.
Се обврзуваме податоците да не ги користиме за друга намена. Повеќе погледнете во Политика на приватност.
Согласност и промена на условите
Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со сѐ наведено на оваа страна. Промените ќе важат по објавувањето на оваа страна. Ве молиме пред секоја нарачка, да ги проверите овие услови - доколку не се сложувате, Ве молиме да не го користите нашиот сајт.