Како да го продолжите векот на траење на вашата Green cell батерија?

За да го постигнете максималниот капацитет и најдолгиот работен век на батеријата, важно е да знаете како правилно да ја користите, калибрирате и чувате. Неправилната грижа може да го намали капацитетот и покрај тоа што индикаторот покажува 100% наполнетост.

Овој водич, базиран на препораките на iTrade.mk, ќе ви покаже точно како да ја одржувате вашата батерија во најдобра состојба.

Прво Полнење, Прва Употреба и Формирање

Наполнете ја батеријата до 100% пред првото користење, така што ќе го вклучите лаптопот на полнач. 

  • Новите батерии обично се полни околу 40-60%.
  • Li-ION батериите не е потребно да се формираат, но пожелно е да се направат неколку циклуси на полнење и делумно празнење (не под 20%) во текот на првата недела на користење.
  •  Просечното времетраење на полнењето е околу 5 саати.

Совети за секојдневна Употреба

Практикувајте лаптопот да биде на полнач кога не го користите, за да се наполни батеријата пред користење.

  • Кога лаптопот е на полнач, а батеријата е наполнета – лаптопот користи напојување директно од полначот, батеријата не е активна
  • Празнете ја батеријата бар еднаш неделно, за да бидат активни ќелиите.
  • Правила за Долг Век на батеријата: Не ја празнете батеријата до крај! Батеријата не смее никогаш да се испразни под 8%. Оптимално, не ја празните батеријата под 20%

Како да ја калибрирате батеријата? (Кога ќе падне капацитетот)

Доколку батеријата редовно не се полни/празни, капацитетот се смалува и покрај тоа што индикаторот покажува 100% наполнетост. Во таков случај, треба повторно да се извршат неколку циклуси на полнење и празнење.

  • Во опцијата “Power Management” на вашиот лаптоп, поставете го “Put Computer on sleep” на 3%.
  •  Испразнете ја батеријата до крај.
  • Исклучете го лаптопот и приклучете го полначот
  • Наполнете ја батеријата до крај – 100%. Типичното времетраење на полнење е околу 5 саати.
  • После тоа, батеријата е калибрирана и можете да ја користите нормално

Лаптопот ја препознава, но не ја полни батеријата ("Plugged in, not charging")

Ако индикаторот на батеријата покажува “Plugged in, not charging”, проблемот може да биде во софтверот.

  • Исклучете го лаптопот (Shut Down).
  • Исклучете го полначот и извадете ја батеријата од лаптопот.
  • * Вклучете го полначот и вклучете го лаптопот.
  •  Кликнете на DEVICE MANAGER, потоа BATTERY.
  • Избришете ги (uninstall) драјверите: Microsoft AC Adapter и Microsoft ACPI-Compliant Control Method Battery. *
  •  Исклучете го лаптопот (Shut Down), извадете го полначот.
  •  Вратете ја батеријата во лаптопот и вклучете го полначот.
  • Вклучете го лаптопот; Windows автоматски повторно ќе ги инсталира драјверите.

Совети: Снага на Полначот и Капацитет на Батеријата

Кога батеријата се полни само додека лаптопот е исклучен:

Ова значи дека полначот има помала снага од предвидената. Кога лаптопот работи, тој ја користи целата енергија, и не останува доволно за полнење на батеријата.

Доколку новата батерија има различен капацитет од старата, лаптопот ја памти старата состојба и може да ја полни новата батерија само до претходниот максимален капацитет.

Решение (Ресетирање на меморија):

  • . Додека е вклучен лаптопот, извадете ја батеријата.
  • . Во DEVICE MANAGER, со десен клик изберете UNINSTALL на драјверите за батерија (како во претходниот чекор).
  • Почекајте 10 минути (лаптопот цело време е вклучен).
  • Вратете ја батеријата во лаптопот.
  • Во DEVICE MANAGER кликнете на опцијата SCAN FOR HARDWARE CHANGES. Оперативниот систем ќе ја прочита новата состојба и ќе продолжи со работа

Чување на батеријата и Влијанието на Топлината

Чувајте ја Green Cell батеријата далеку од извор на топлина

 Доколку батеријата е топла (од интензивна работа), почекајте да се олади пред да ја исклучите или складирате

 За долгорочно чување (месец или повеќе): Наполнете ја батеријата на околу 50% пред да ја тргнете од лаптопот и чувајте ја на ладно место

Со следење на овие упатства, вие го осигурувате најдолгиот работен век и стабилниот капацитет на вашата батерија.

Ако имате проблеми со индикаторот, како на пример 'Plugged in, not charging', можеби е потребна калибрација. Исто така, користете го нашиот лесен водич за генерирање на Батериски Извештај за да ја исклучите можноста за дефект на електрониката

 

Назад кон блогот