Како да ја проверите состојбата на лаптоп батеријата? (извештај за батеријата)

Ако вашата батерија не трае како порано, најбрзиот начин да го дознаете вистинскиот капацитет и здравјето на вашата батерија е преку вградената алатка на Windows –  Извештај за батеријата (Battery Report).

Ова е алатка која ви дава точна историја на користење на батеријата Ова упатство ќе ви покаже како да го генерирате извештајот и  да одлучите дали е време за купување на нова батерија од iTrade.mk.

Генерирање на Извештај за батеријата

Процесот е ист за сите верзии на Windows (од Windows 7 до Windows 11) и трае помалку од 30 секунди:

  • Отворете Command Prompt (CMD): Кликнете на Start и напишете cmd. Десен клик на апликацијата и изберете Run as administrator (Стартувај како администратор).

  • Внесете ја командата: Во црниот прозорец, внесете ја токму следната команда (вклучувајќи ги празнините) и притиснете Enter:

    powercfg /batteryreport

  • Локација: Системот ќе ви каже каде е зачуван извештајот. Најчесто тоа е во фолдерот на корисникот, на пример: C:\Users\Вашето Име\battery-report.html.

  • Отворете го Извештајот: Отворете ја таа локација и кликнете двапати на датотеката battery-report.html. Извештајот ќе се отвори во вашиот веб-прелистувач

Не мора да ги читате броeвите – Испратете ни го извештајот за анализа!

Ивештајот содржи многу технички податоци за капацитетот, циклусите на полнење и историјата на користење на батеријата.

  • Пронајдете го извештајот: Отворете ја локацијата што ви ја даде Command Prompt (на пр. C:\Users\Вашето Име\battery-report.html).

  • Испратете ни го извештајот: Прикачете го battery-report.html и испратете ни ја на нашиот е-мејл за поддршка itarde.mk@gmail.com со наслов: "Извештај за батеријата ". За 1 час ќе добиете повратна информација: дали батеријата е за замена или дали проблемот е софтверски

Доколку извештајот покаже дека батеријата е здрава, но сепак имате проблеми со полнењето, прочитајте го нашиот целосен водич за 5 најчести причини зошто лаптопот не се полни

Назад кон блогот