Замена на вантрешна батерија за лаптоп – што треба да знаете
Share
Важнa информација
Ова упатство е од информативен карактер.
ИТРЕЈД ЛТД ДООЕЛ не сносиодговорност за било какви оштетувања на уредот, губење на податоци или повреди настанати при самостојна замена на батеријата.
Менувањето на внатрешна (интегрирана) батерија не е исто како кај постарите модели, каде што батеријата се вадеше со едноставно притискање на копче.
Овој процес бара прецизност, трпение и, пред сè, внимание на безбедноста.
Доколку не се чувствувате сигурни да ја извршите замената сами, ви препорачуваме да се обратите во професионален сервис.
Кога НЕ треба да ја менувате батеријата сами?
- Ако батеријата е надуена. Доколку батеријата е физички деформирана, го притиска тачпадот или куќиштето – не ја допирајте. Веднаш однесете го лаптопот во сервис. Надуената батерија може да биде опасна.
- Ако лаптопот бара специфични алати за отварање. Ако за отворање е потребна прекумерна сила или специјализирани алати – не продолжувајте.
Корисен совет
Најсигурен начин за правилна замена е да го знаете точниот модел на лаптопот.
Можете да побарате дополнителни информации на платформи како:
- iFixit
- (пребарајте: [модел на лаптоп] battery replacement
Основни совети за безбедност
- Секогаш работете со исклучен лаптоп и исклучен полнач
- Работете на чиста и рамна површина
- Отстранете статички електрицитет (допрете метална површина пред почеток)
- Никогаш не користете метални предмети за вадење на батеријата
👉 Оштетена батерија може да предизвика краток спој или пожар