Упатство за употреба на лаптоп батерии
Упатство за употреба на лаптоп батерии
Упатство за употреба на лаптоп батерии
• Наполнете ја батеријата до 100% пред првото користење, така што ќе го вклучите лаптопот на полнач. Практикувајте лаптопот да биде на полнач кога не го користите, за да се наполни батеријата пред користење. Просечно времетраење на полнењето е околу 5 саати.
• Новите батерии обично се полни околу 40-60%. Li-ION батериите не е потребно да се формираат , но, пожелно е да се направат неколку циклуси на полнење и делумно празнење (не под 20%) во текот на првата недела на користење.
• Празнете ја батеријата бар еднаш неделно, за да бидат активни ќелиите. Кога лаптопот е на полнач, а батеријата е наполнета - лаптопот користи напојување директно од полначот, батеријата не е активна.
• Доколку батеријата редовно не се полни/празни, капацитетот се смалува и покрај тоа што индикаторот покажува 100% наполнетост. Доколку редовно не сте ја празнеле батеријата, потребно е повторно да се извршат неколку циклуси на полнење и празнење.
• Не ја празнете батеријата до крај! Батеријата не смее никогаш да се испразни под 8%, тоа може да доведе до трајно оштетување на батеријата.
• Батеријата ќе има подолг век на траење доколку не се празни премногу - оптимално не ја празните батеријата под 20%.
• Топлината влијае на капацитетот на батеријата, чувајте ја батеријата далеку од извор на топлина.
• Доколку не планирате да ја користите батеријата подолго време (месец дена или повеќе), наполнете ја батеријата на околу 50% пред да ја тргнете од лаптопот. Батеријата чувајте ја на ладно место.
Проблеми и решенија
Батеријата не се полни кога работи лаптопот, се полни нормално кога е исклучен
• Проверете дали полначот одговара. Полначите кои имаат помала снага од предвидената, нема да ја полнат батеријата кога лаптопот работи
.
Индикаторот за наполнетост на батеријата покажува 100% наполнетост, кога лаптопот ќе се исклучи од полначот батеријата брзо се празни или лаптопот се исклучува.
• Потребно е батеријата да се калибрира:
1. Во опцијата “Power Management” на Вашиот лаптоп ставете го “Put Computer on sleep” на 3%, потоа испразнете ја батеријата до крај¬.
2. Исклучете го лаптопот и приклучете го полначот. Наполнете ја батеријата до крај - 100%, типично времетраењето на полнење е околу 5 саати. После тоа батеријата е калибрирана, користете ја нормално.
Лаптопот ја препознава батеријата, но не ја полни. Индикаторот на батеријата покажува “Plugged in, not charging”. Пред се пробајте да го решите проблемот во неколку едноставни чекори:
1. Исклучете го лаптопот - Shut Down
2. Исклучете го полначот и извадете ја батеријата од лаптопот.
3. Вклучете го полначот и вклучете го лаптопот
4. Кликнете на DEVICE MANAGER, потоа BATTERY. Избришете ги (uninstall) следните драјвери:
1. Microsoft AC Adapter
2. Microsoft ACPI-Compliant Control Method Battery
5. Исклучете го лаптопот (Shut Down), извадете го полначот
6. Вратете ја батеријата во лаптопот и вклучете го полначот
7. Вклучете го лаптопот, Windows автоматски повторно ќе ги инсталира драјверите.
Батеријата за лаптоп комуницира со електрониката на лаптопот која овозможува полнење на батеријата. Доколку новата батерија има различен капацитет од старата, лаптопот ја памти старата состојба и ако не се усогласи состојбата со електрониката., новата батерија ќе ја полни само до претходниот максимален капацитет. Во тој случај:
1. Додека е вклучен лаптопот извадете ја батеријата.
2. Во DEVICE MANAGER со десен клик изберете UNINSTALL
3. Почекајте 10мин ( лаптопот цело време е вклучен) и вратете ја батеријата во лаптопот.
4. Во DEVICE MANAGER кликнете на опцијата SCAN FOR HARDWARE CHANGES
Оперативниот систем ќе ја прочита новата состојба и ќе продолжи со работа.
НАПОМЕНА: Доколку батеријата е топла, почекајте да се олади.